Стан – 84м2 / Tип 3 (8,14,20,26,32,38) / Кат 1-6
€600 / м2
Краток опис:
Претсобјето од влезот го дели станот на три целини. Во него е сместена бања. Дневниот престој е поставен од едната страна на претсобјето и визуелно е поделен на два дела: кујна со трпезарија како една целина кој е осветлен со големи прозори и од кој се излегува на тераса. Спалната соба е поставена централно од претсобјето. Детската соба е поставена од другата страна на претсобјето веднаш до Спалната соба од која се излегува на тераса.
Во кујната и бањата се предвидени керамички плочки – подни и ѕидни (модел/боја на плочките е по ваш избор), туш кабина и сите други санитарни елементи. На терасата се предвидени гранитни плочки.
Во станот е инсталиран гасификационен систем и клима уред. Подот е обработен со бамбусов лакиран паркет (бојата на паркетот е по ваш избор).
Рекапитулација на површини:
број – опис на просторијата, површина
1 претсобје – 7,36м2
2 кујна – 6,70м2
3 дневен престој – 20,55м2
4 спална соба – 15,26м2
5 спална соба – 14,85м2
6 бања – 8,87м2
7 тераса – 5,70м2
8 тераса – 7,35м2
вкупно површина – 83,64м2
За комплексот
Комплексот КРМЗОВ е лоциран во срцето на градот, во непосредна близина на градскиот парк и населбата Карпош – Струмица. Ова е првиот станбен комплекс во нашиот град од затворен тип. Со првиот изграден објект ги надминавме стандардните принципи на градба, со што, посебно внимание обрнавме на квалитетот на градба и на изборат на материјали. Затоа, повторно избравме да работиме со најдобрите YTONG, KNAUF, BATISOVE, KALE…
Близината на паркот е воедно и добра прилика за прошетка и спортски активности, а мирната локација е одлична за децата.
Повеќе за комплексот прочитајте овде.