• KRM-L1-st-7_13_19_25_31_37_CAM_004
  • 02_tip_nacrt
  • KRM-L1-st-7_13_19_25_31_37_CAM_001
  • KRM-L1-st-7_13_19_25_31_37_CAM_002
  • KRM-L1-st-7_13_19_25_31_37_CAM_003

Стан – 69м2 / Tип 2 (7,13,19,25,31,37) / Кат 1-6

€600 / м2
68,67м2 1 Спална1 Бања1 Гаража Печати

Краток опис:

Претсобјето од влезот го дели станот на две целини. Доволно е големо за да собере вграден плакар. Во него е сместено бања и остава. Дневниот престој е централно поставен и визуелно поделен на два дела: кујна со трпезарија како една целина и дневен престој кој е осветлен со големи прозори и од кој се излегува на тераса. Спалната соба е поставена на другата страна и веднаш до неа е бањата. Дневната и спалната соба излегуваат на заедничка тераса со што се овозможува најпрактичен пристап на истата.

Во кујната и бањата се предвидени керамички плочки – подни и ѕидни (модел/боја на плочките е по ваш избор), туш кабина и сите други санитарни елементи. На терасата се предвидени гранитни плочки.

Во станот е инсталиран гасификационен систем и клима уред. Подот е обработен со бамбусов лакиран паркет (бојата на паркетот е по ваш избор).

 

Рекапитулација на површини:

број – опис на просторијата, површина

1  претсобје – 5,34м2
2  остава – 2,44м2
3  бања- 4,36м2
4  кујна – 7,90м2
5  дневен престој – 28,09м2
6 спална соба – 14,63м2
7 тераса – 5,91м2

вкупно површина – 68,67м2

 

За комплексот
slika-webКомплексот КРМЗОВ е лоциран во срцето на градот, во непосредна близина на градскиот парк и населбата Карпош – Струмица. Ова е првиот станбен комплекс во нашиот град од затворен тип. Со првиот изграден објект ги надминавме стандардните принципи на градба, со што, посебно внимание обрнавме на квалитетот на градба и на изборат на материјали. Затоа, повторно избравме да работиме со најдобрите YTONG, KNAUF, BATISOVE, KALE…
Близината на паркот е воедно и добра прилика за прошетка и спортски активности, а мирната локација е одлична за децата.
Повеќе за комплексот прочитајте овде.

Коментирај

коментари

Карактеристики

Локација