Стан – 65m2 / Тип 8 (6,10,14,18,22,26) / Кат 1-6
€600 / м2
Краток опис:
Претсобјето го дели станот на две целини. Во него е сместена бањата и е доволно е просторно за да собере вграден плакар. На едната страна од претсобјето е поставена спалната соба која излегува на тераса, а на другата страна од претсобјето е поставен дневниот престој кој визуелно е поделен на два дела: кујна со трпезарија како една целина и голем дневен престој кој е осветлен со големи прозори и од кој се излегува на тераса која е заедничка со спалната соба.
Во кујната и бањата се предвидени керамички плочки – подни и ѕидни (модел/боја на плочките е по ваш избор), туш кабина и сите други санитарни елементи. На терасата се предвидени гранитни плочки.
Во станот е инсталиран гасификационен систем и клима уред. Подот е обработен со бамбусов лакиран паркет (бојата на паркетот е по ваш избор).
Рекапитулација на површини:
број – опис на просторијата, површина
1 претсобје – 5,34м2
2 кујна – 6,84м2
3 дневен престој – 27,09м2
4 спална соба – 14,64м2
5 бања – 4,98м2
6 тераса – 6,57м2
вкупно површина – 65,46м2
За комплексот
Комплексот КРМЗОВ е лоциран во срцето на градот, во непосредна близина на градскиот парк и населбата Карпош – Струмица. Ова е првиот станбен комплекс во нашиот град од затворен тип. Со првиот изграден објект ги надминавме стандардните принципи на градба, со што, посебно внимание обрнавме на квалитетот на градба и на изборат на материјали. Затоа, повторно избравме да работиме со најдобрите YTONG, KNAUF, BATISOVE, KALE…
Близината на паркот е воедно и добра прилика за прошетка и спортски активности, а мирната локација е одлична за децата.
Повеќе за комплексот прочитајте овде.