• KRM-L1-st-6_12_18_24_30_36_CAM_005
  • 01_tip_nacrt
  • KRM-L1-st-6_12_18_24_30_36_CAM_001
  • KRM-L1-st-6_12_18_24_30_36_CAM_002
  • KRM-L1-st-6_12_18_24_30_36_CAM_003
  • KRM-L1-st-6_12_18_24_30_36_CAM_004

Стан – 58м2 / Тип 1 (6,12,18,24,30,36) / Кат 1-6

€600 / м2
58,27м2 1 Спална1 Бања1 Гаража Печати

Краток опис:

Претсобјето од влезот го дели станот на две целини. Во него е сместена Бањата. Дневниот престој е централно поставен и визуелно поделен на два дела: кујна со трпезарија како една целина и дневен престој кој е осветлен со големи прозори и од кој се излегува на тераса. Спалната соба е поставена на другата страна и веднаш до неа е бањата. Дневната и спалната соба излегуваат на заедничка тераса со што се овозможува најпрактичен пристап на истата.

Во кујната и бањата се предвидени керамички плочки – подни и ѕидни (модел/боја на плочките е по ваш избор), туш кабина и сите други санитарни елементи. На терасата се предвидени гранитни плочки.

Во станот е инсталиран гасификационен систем и клима уред. Подот е обработен со бамбусов лакиран паркет (бојата на паркетот е по ваш избор).

 

Рекапитулација на површини:

број – опис на просторијата, површина

1  претсобје – 4,74м2
2  кујна – 6,96м2
3  дневен престој – 22,23м2
4  спална соба – 13,76м2
5  бања – 4,62м2
6  тераса – 5,96м2

вкупно површина – 58,27м2

 

За комплексот
slika-webКомплексот КРМЗОВ е лоциран во срцето на градот, во непосредна близина на градскиот парк и населбата Карпош – Струмица. Ова е првиот станбен комплекс во нашиот град од затворен тип. Со првиот изграден објект ги надминавме стандардните принципи на градба, со што, посебно внимание обрнавме на квалитетот на градба и на изборат на материјали. Затоа, повторно избравме да работиме со најдобрите YTONG, KNAUF, BATISOVE, KALE…
Близината на паркот е воедно и добра прилика за прошетка и спортски активности, а мирната локација е одлична за децата.
Повеќе за комплексот прочитајте овде.

Коментирај

коментари

Карактеристики

Локација