• KRM-st-11_17_23_29_35_41_CAM_005
  • 06_tip_nacrt
  • KRM-st-11_17_23_29_35_41_CAM_001
  • KRM-st-11_17_23_29_35_41_CAM_002
  • KRM-st-11_17_23_29_35_41_CAM_003
  • KRM-st-11_17_23_29_35_41_CAM_004

Стан – 116м2 / Tип 6 (11,17,23,29,35,41) / Кат 1-6

€600 / м2
116,24м2 3 Спални2 Бањи1 Гаража Печати

Краток опис:

Претсобјето го дели станот на два дела: дневен престој и спиење, и е поврзан со дегажманот кој води до спалните соби. Доволно е големо за да собере вграден гардеробер кој ќе ги растерети спалната и дневната соба и во него е сместено и гостинско WC. Дневниот престој е единствен простор кој ги спојува дневната соба и трпезаријата, а кујната е одделена како целина. До делот со спалните соби се пристапува преку дегажманот во кој има бања.Трите спални соби се идеално изолирани од кои двете излегуваат на просторна заедничка тераса.

Во кујната и бањата се предвидени керамички плочки – подни и ѕидни (модел/боја на плочките е по ваш избор), туш кабина и сите други санитарни елементи. На терасата се предвидени гранитни плочки.

Во станот е инсталиран гасификационен систем и клима уред. Подот е обработен со бамбусов лакиран паркет (бојата на паркетот е по ваш избор).

 

Рекапитулација на површини:

број – опис на просторијата, површина

1  претсобје – 7,46м2
2  кујна – 7,06м2
3  дневен престој – 34,62м2
4  дегажман – 5,13м2
5  спална соба – 14,66м2
6  спална соба – 13,88м2
7  спална соба – 12,20м2
8  WC – 2,29м2
9  бања – 5,27м2
10 тераса – 5,53м2
11 тераса – 8,14м2

вкупно површина – 116,24м2

 

За комплексот
slika-webКомплексот КРМЗОВ е лоциран во срцето на градот, во непосредна близина на градскиот парк и населбата Карпош – Струмица. Ова е првиот станбен комплекс во нашиот град од затворен тип. Со првиот изграден објект ги надминавме стандардните принципи на градба, со што, посебно внимание обрнавме на квалитетот на градба и на изборат на материјали. Затоа, повторно избравме да работиме со најдобрите YTONG, KNAUF, BATISOVE, KALE…
Близината на паркот е воедно и добра прилика за прошетка и спортски активности, а мирната локација е одлична за децата.
Повеќе за комплексот прочитајте овде.

Коментирај

коментари

Карактеристики

Локација