• KRM-L2-st-5_9_13_17_21_25_Cam_003
  • 07_tip_nacrt
  • KRM-L2-st-5_9_13_17_21_25_CAM_001-(2)
  • KRM-L2-st-5_9_13_17_21_25_Cam_001
  • KRM-L2-st-5_9_13_17_21_25_CAM_002-(2)
  • KRM-L2-st-5_9_13_17_21_25_Cam_002

Стан – 102m2 / Тип 7 (5,9,13,17,21,25) / Кат 1-6

€600 / м2
116,24м2 3 Спални2 Бањи1 Гаража Печати

Краток опис:

Претсобјето го дели станот на два дела: дневен престој и спиење, и е поврзан со дегажманот кој води до спалните соби, доволно е просторно за да собере вграден гардеробер кој ќе ги растерети спалната и дневната соба и во него е сместено и гостинско WC. Дневниот престој е единствен простор кој ги спојува дневната соба, трпезаријата и кујната  како целина и излегува на тераса која ја дели  со една од спалните соби.

До делот со спалните соби се пристапува преку дегажманот во кој има бања.Трите спални соби се идеално изолирани од кои двете излегуваат на просторна заедничка тераса.

Во кујната и бањата се предвидени керамички плочки – подни и ѕидни (модел/боја на плочките е по ваш избор), туш кабина и сите други санитарни елементи. На терасата се предвидени гранитни плочки.

Во станот е инсталиран гасификационен систем и клима уред. Подот е обработен со бамбусов лакиран паркет (бојата на паркетот е по ваш избор).

 

Рекапитулација на површини:

број – опис на просторијата, површина

1  претсобје – 5,56м2
2  кујна – 12,07м2
3  дневен престој – 26,10м2
4  спална соба – 8,50м2
5  спална соба – 13,28м2
6  спална соба – 14,18м2
7  дегажман – 3,24м2
8  WC – 1,94м2
9  бања – 5,05м2
10 тераса – 6,19м2
11 тераса – 5,47м2

вкупно површина – 116,24м2

 

За комплексот
slika-webКомплексот КРМЗОВ е лоциран во срцето на градот, во непосредна близина на градскиот парк и населбата Карпош – Струмица. Ова е првиот станбен комплекс во нашиот град од затворен тип. Со првиот изграден објект ги надминавме стандардните принципи на градба, со што, посебно внимание обрнавме на квалитетот на градба и на изборат на материјали. Затоа, повторно избравме да работиме со најдобрите YTONG, KNAUF, BATISOVE, KALE…
Близината на паркот е воедно и добра прилика за прошетка и спортски активности, а мирната локација е одлична за децата.
Повеќе за комплексот прочитајте овде.

Коментирај

коментари

Карактеристики

Локација