Стан – 100м2 / Tип 5 (9,15,21,27,33,39) / Кат 1-6
€600 / м2
Краток опис:
Претсобјето од влезот го дели станот на четири целини. Во него е сместено гостинско WC и бања. Дневниот престој е централно поставен од претсобјето и визуелно е поделен на два дела: кујна со трпезарија како една целина и голем дневен престој кој е осветлен со големи прозори и од кој се излегува на тераса. Спалната соба е поставена од едната страна на претсобјето и излегува на заедничката тераса од дневниот престој а детските соби се поставени на другата страна од претсобјето и се идеално изолирани од дневниот престој.
Во кујната и бањата се предвидени керамички плочки – подни и ѕидни (модел/боја на плочките е по ваш избор), туш кабина и сите други санитарни елементи. На терасата се предвидени гранитни плочки.
Во станот е инсталиран гасификационен систем и клима уред. Подот е обработен со бамбусов лакиран паркет (бојата на паркетот е по ваш избор).
Рекапитулација на површини:
број – опис на просторијата, површина
1 претсобје – 8,67м2
2 спална соба – 11,40м2
3 спална соба – 10,27м2
4 WC – 1,74м2
5 бања – 4,98м2
6 спална соба – 15,04м2
7 кујна – 7,19м2
8 дневен престој – 27,38м2
9 тераса – 5,85м2
10 тераса – 7,07м2
вкупно површина – 99,59м2
За комплексот
Комплексот КРМЗОВ е лоциран во срцето на градот, во непосредна близина на градскиот парк и населбата Карпош – Струмица. Ова е првиот станбен комплекс во нашиот град од затворен тип. Со првиот изграден објект ги надминавме стандардните принципи на градба, со што, посебно внимание обрнавме на квалитетот на градба и на изборат на материјали. Затоа, повторно избравме да работиме со најдобрите YTONG, KNAUF, BATISOVE, KALE…
Близината на паркот е воедно и добра прилика за прошетка и спортски активности, а мирната локација е одлична за децата.
Повеќе за комплексот прочитајте овде.