За нас


profile

 

„Љубовта започнува од домот, и не е важно колку правиме, туку колку љубов внесуваме во она што го правиме”.                                                                                                                                                   -Мајка Тереза

Домот – најпривлечното место на светот, е една од суштинските одлуки во нашиот живот! Нашето мото – „Квалитетот на прво место“ само ја надoградува нашата мисија – многубројни задоволни клиенти. Довербата која ни ја дадоа досегашните наши клиенти е главен мотив за нашиот континуитет.

КРМЗОВ-МР е компанија која се занимава со инвестирање во изградба на станбен и деловен простор. Професионалноста, квалитетот на работа и организираноста ја направија нашата компанија водечка во нашиот град, со рекордна продажба на станбен и деловен простор.

Како главен визионер, организатор на работата и генерален менаџер e Ристо Крмзов, кој гарантира за сигурноста и квалитетот заедно со тимот задолжен за навремено извршување на градежните работи и квалитетот на градба, создавање рационален простор и реализирање на секоја идеја на нашите клиенти.

Нашиот тим се труди нашите клиенти да го исполнат својот сон за сопствен дом,
со што, им го трасираме патот за заеднички да изнајдеме наједноставно решение и се грижиме секоја индивидуа или семејство да инвестира во топло катче за себе и идните поколенија.

Со љубов за Вас,
КРМЗОВ-МР